Искористете ја шансата
да преземете акција!


Идеите на вашиот тим заедно со нашите ресурси и експертиза ќе обезбедат заеднички да го прекинеме насилството врз и помеѓу децата!


Сакаме да се вклучиме!
 



Како може да го прекинеме насилството врз и помеѓу децата (#ENDViolence)?


 


 
 
 
 

Кој може да аплицира?

  • Тим на млади луѓе кои се на возраст 14-24 години
  • Имаат или започнуваат да работат на нова идеја или проект.

Доколку имате досега добиено некаков вид на финансирање за развој на идејата или сте регистрирани како компанија или граѓанска организација не сте подобни за аплицирање.

Што бараме?

  • Идеи кои имаат потенцијал да бидат одржливи (наместо еднократни кампањи или активности)
  • Идеи кои се успешни или може да бидат успешни во локални заедници
  • Идеи кои може да бидат реплицирани или скалирани во други земји
 


Доколку си инспириран од предизвикот собери тим, од 3 - 5 лица, осмислете идеја и поднесете апликација. Рокот за доставување на апликациите е 29.10. 2018, 18:00 часот.

Дополнително, доколку сакате да дознаете повеќе за предизвикот ве покануваме да ни се придружите на информативната сесија на 10.10.2018 во просториите на НУБ. Од вкупно пријавените 10 најуспешни тимови ќе бидат селектирани за учество во програмата.

Критериуми за оценка на идеите

 

По изборот, најуспешните тимови ќе бидат поканети да учествуваат на:

  • 09.11.2018 и 13.11.2018 - две 2 часовни работилници со цел зголемување на знаењето на тимовите за предложените предизвици.
  • 16-18.11.2018 - главна тридневна работилница за ко-креирање (Bootcamp) која ќе се оддржи во просториите НУБ “Св. Климент Охридски”.

На крај на работилницата жири комисија ќе одлучи кои 5 идеи ќе бидат наградени со по 1000 долари почетна инвестиција за развој на идејата и менторска поддршка во период од 3 месеци.

*Идеите ќе бидат избрани согласно предефинирани критериуми.

*За време на работилницата тимовите под менторство ќе дизајнираат MVP (minimum viable product) решенија кои ќе бидат презентирани на последниот ден.

 
 

 
 
 

Фаза на менторската поддршка за 5те избрани тима која ќе започне на 21.11.2018 и ќе трае до 15.02.2019. Ментори ќе работат заедно со тимовите и преку директни средби и менторирање во насока на обезбедување на што е можно подобри резултати од идејата и имплементацијата. По завршувањето на менторскиот период од 5те идеи ќе се одбере една која подоцна ќе биде поднесена во глобалниот избирачки процес (пролет 2019) кој ќе идентификува 5 проекти на глобално ниво кои може да имаат најголемо влијание врз младите луѓе.

 

Што е Generation Unlimited?

Generation Unlimited (GU) е глобално партнерство чија цел е да обезбеди дека секој млад човек е во образование, учење, тренинг или вработување до 2030. #GenUnited се базира на експертизата на младите луѓе, претставниците од владите, мултилатерални организации, приватниот сектор и граѓанското општество за да поттикнат итни инвестиции во образованието, тренинг за стекнување на вештини и оспособување на брзо растечката глобална популација на адолесценти и млади луѓе (10-24 год.), што до 2030 ќе достигне 2 милијади. Generation Unlimited е дел од Стратегијата за Млади 2030 на Обединетите Нации и е комплементарна и се гради врз постоечките програми за поддршка на адолесцентите и младите луѓе. Се очекува да влијае на глобалните политики и пракси за младите и да демонстрира нови стандарди за нивно поврзување во политички дебати на сите нивоа.

 

За младинскиот предизвик


Младинскиот предизвик има за цел да ја ослободи креативноста и идеите на младите луѓе низ светот. Еден инклузивен дизајнерски процес кој Ве повикува вас младите активно да се вклучите како “решавачи” и да дизајнирате решенија за да го прекинеме насилството врз и помеѓу децата (#ENDViolence). Ова е првиот Младински Предизвик кој ќе се одвива во 16 земји низ светот. Најдобрите или најветувачките решенија од секоја земја ќе добијат финансирање и менторство, а топ 5те решенија на глобално ниво ќе добијат дополнително финансирање и специфично дизајнирана поддршка од партнерите на Generation Unlimited.

 


 
1Како може младите да аплицираат на предизвикот?
Младите луѓе кои сакаат да аплицираат се поттикнуваат да формираат тимови и да поднесат апликација [ЛИНК до апликацијa, помош за пополнување на апликацијата може да побарате на ngosmartup@gmail.com или на 078/434-236, Александар.]
2Како изгледа Младинскиот предизвик/ Каква е структурата на работилницата?
Главната содржина на Младинскиот предизвик е центрирана околу тридневната работилница која ќе вклучи фази на разбирање на проблемот, дизајнирање на решението, градење и тестирање, финализација и презентација/пичирање на идејата. Работилницата ќе биде динамична, интерактивна каде се очекува многу тимска работа и соработка.
3Дали ќе има обезбедено храна, пијалоци и сместување?
Да, храна и пијалаци ќе бидат обезбедени за сите учесници. Сместување ќе биде обезбедено за учесниците кои доаѓаат надвор од Скопје.
4Кој ќе биде работен јазик на работилниците?
Македонски јазик.
5Каков тип на поддршка ќе добијат тимовите по завршување на работилницата?
5те науспешни тима ќе добијат по 1000 долари финансирање за развој на идејата, менторска поддршка, пристап до технологија, место за работа, поврзување со експерти, институции согласно потребата.
6На што може тимовите да ги трошат финансиските средства кои ќе ги добијат?
Средствата може да бидат потрошени само на имплементација на проектот за што тимовите ќе мора да репортираат на редовна основа. Дополнително, тимовите ќе треба да известуваат и за влијанието на нивните проекти на младите.
 
 

Поставете прашање

на contact@innovationlab.mk & ngosmartup@gmail.com



СмартАп - Лабораторија за Социјални Иновации Скопје е задолжена за имплементација на проектот. UNICEF е главниот и единствен финансиски поддржувач на проектот.

 
 

Аплицирајте сега!